„Убава“ конечно доби спот – Ај кју објавија видео запис од најубавите моменти на нивната свадба во Грција


screenshot-2026-06-24-121809ajkju.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најголемите хитови на Ај Кју – „Убава“ – конечно доби спот, повеќе од една деценија по своето објавување.


Песната со која Ај Кју победија на Скопскиот фестивал во 2015 година е една од ретките во нивниот репертоар што досега немаше официјален запис.

Со текот на годините, „Убава“ на сосема природен и ненаметлив начин си го пронајде патот до публиката, станувајќи синоним за прв свадбен танц на многу вљубени парови.

Токму затоа, дуото одлучи оваа безвременска љубовна песна да ја круниса со видео запис составен од најубавите моменти од нивната свадба, која неодамна се оддржа на плажа во Грција.

Видео записот е на Марио Блажевски од Студио Белмондо, кој успеа автентично да ја долови љубовната приказна што ја инспирираше оваа песна и по повеќе од десет години да ѝ подари визуелна димензија каква што заслужува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK