Том Круз се здружи со „Ворнер брос“ за да направи нови филмови

Том-Круз-се-здружи-со-„Ворнер-брос-за-да-направи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерот и продуцент Том Круз постигна договор со „Ворнер брос“ да глуми во филмови, објави студиото во вторникот.


Како резултат на договорот Круз и неговата продукциска куќа ќе имаат канцеларии во „Дискавери“ на „Ворнер брос“ во Бурбенк.

Сè уште не се објавени конкретни проекти во рамките на партнерството, но пактот не е ексклузивен. Круз ќе продолжи со своите постојни франшизи, како што е долготрајната серија „Невозможна мисија“ со „Парамаунт пикчрс“. Следниот дел од „Невозможна мисија“ е закажан за 2025 година.

„Возбудени сме што работиме со Том, апсолутна легенда во филмската индустрија. Не би можеле да бидеме повозбудени да му посакаме добредојде на Том назад во ‘Ворнер брос’“, објавија од таму .

Минатите проекти на Круз со „Ворнер брос“ се „Интервју со вампирот“, „Ризичниот бизнис“, „Последниот самурај“ и „Очи ширум затворени“. Неговиот последен проект со тоа студио „На работ на иднината“ е објавен пред десет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK