Србите гневни поради фотографиите на сопругата на Вучиќ на скијање: „Живеат во друга димензија“

7550240e-05e6-472e-a81a-0aed7197b387.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тамара Вучиќ, сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, на Инстаграм се пофали со фотографии од одмор на скијање на Копаоник, што ги налути Србите, кои почнаа да пишуваат на социјалните мрежи дека таа и нејзиниот сопруг „живеат во друга димензија“.


View this post on Instagram

A post shared by Tamara Vučić (@tamara.vucic.serbia)

„30 години подоцна, желбата да научиш дете да скија те враќа на патеките. Плус, уживавме во забавните активности“, напиша таа на Инстаграм и откри дека со неа бил и нивниот 8-годишен син Вукан.

Србите на Икс почнаа да ги коментираат фотографиите, а некој напиша дека позирала во скијачки одело од 1.000 евра. „Ски одело од 1.000 евра“, некој напиша, а друг додаде: „Да не ја заборавиме чантата од 160 долари“.

„Секој ден по 15 минути молк за убиените, хулиганите тепаат деца во Србија, Тамара Вучиќ скија на Копаоник во скијачки одело од илјада евра. Тие не живеат во паралелна реалност на Србија, тие живеат во друга димензија во споредба со нас кутрите што ја трошиме платата до 20-ти во месецот“, напиша друг.

„Кејт Мидлтон од Тему“, „Како се забавуваат со нашите пари“ и „Загрижена сум како ќе преживее еден месец кога ќе ја потроши целата своја плата на одело и чантичка. Дали да воведеме СМС за помош?” и „Го земала на рати“, се дел од коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK