Градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, одржа прес – конференција откако 20.000 граѓани потпишаа петиција со која бараа откажување на концертот на Дино Мерлин што требаше да се одржи на 30 декември и пренасочување на парите за купување ПЕТ / КТ уред за сплитската болница, објави Индекс.хр.
Шута соопшти дека концертот е откажан. Тој ги отфрли тврдењата дека настапот на Мерлин во другите градови е поевтин. Потврди дека неговиот хонорар изнесувал 140.000 евра, додека претходно споменатите 300.000 евра се однесувале на трошоци за три изведувачи, а не само за Дино Мерлин.
Сумата од 300.000 евра се однесувала на Дино Мерлин, Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга.
„Ова се важни работи што треба да се разјаснат. Значи, таа сума не се однесуваше само на Дино Мерлин. Со оглед на тоа што се појавија поделби во општеството и дека јавноста покажа голем интерес за оваа тема, сакам да нагласам дека цело време велев дека не сакам никакви поделби во општеството. Јасно го соопштив тоа и сè уште стојам зад тоа“, речеШута.
„Донесов одлука да не се потпише договорот со Дино Мерлин. Разговаравме и со неговиот менаџмент кој понуди да покрие дел од трошоците, проценети на околу 80.000 евра. Но, лично донесов одлука да се откаже затоа што целата ситуација отиде во погрешен правец, а јавноста беше дезинформирана. Тука воопшто не се работеше за можноста за набавка на ПЕТ / КТ уред. Поради тоа, должен сум да ја известам јавноста дека договорот со Дино Мерлин нема да биде потпишан“, рече градоначалникот.
фото/ЕПА