Линдзи Лохан се прослави со улогата во филмот „Лоши девојки“ од 2004 година, а сега според оваа приказна е снимен и мјузикл.
Иако извесно време ја немавме видено во јавност, Линдзи ненадејно се појави на премиерата на овој мјузикл и привлече големо внимание во необичен фустан кој беше исечен на половината и имаше сребрен детаљ.
Таа беше видно расположена и позираше со другите ѕвезди од стариот филм.
View this post on Instagram
„Филмот го помина тестот на времето. Се чувствувам благодарно. Мислам, не се случува често филмовите да го извлечат ова. „Опасни девојки“ ја отвори вратата за многу други работи што се случуваат во училиштата. Мислам дека тоа е навистина забавен филм“, изјави Линдзи за „Ентертејнмент Тунајт.
Лохан, инаку, со години важеше за „лоша девојка“ и привлекуваше внимание со скандали и промискуитетно однесување. Меѓу другото, таа беше во притвор поради возење во пијана состојба, а подоцна беше осудена на 120 часа општествено корисна работа.
Шест пати се обидела да се опорави од зависноста од алкохол и кокаин, но секогаш не успевала.
Сепак, изгледа дека Линдзи конечно си го средила животот, а минатата година доби син со сопругот Бадер Шамас, Луаи. Бебето е родено во Дубаи, каде живее парот.