Пресли Гербер, 27-годишен модел и син на супермоделот Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина во неделата, на 20 септември. Неговото семејство потврди дека тој починал во установа за рехабилитација. Во емотивна објава споделена на Инстаграм, речиси еден месец по неговата смрт, тие се простија од него и им се заблагодарија на сите за поддршката.
„Неизмерно сме скршени од загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што Пресли беше дел од нашите животи 27 години. Тој беше љубезна, прекрасна душа – сакаше и беше сакан, сега и засекогаш“, напишаа тие.
Во изјавата понатаму стои: „Горди сме на неговиот животен пат, на неговата добрина и на неговата ранливост. Благодарни сме за огромната љубов и поддршка од многуте луѓе кои го познаваат и сакаат нашето семејство, како и од оние што не нè познаваат, но ја споделуваат нашата болка. Сè додека повторно не се сретнеме, наш драг сине. Те сакаме засекогаш – мама, тато и Каја“.
View this post on Instagram
Портпаролот на Синди Крафорд ја потврди веста во кратка изјава за медиумите, наведувајќи: „Семејството бара приватност во овој исклучително тежок и болен период“.