Шер повторно заедно со 40 години помладиот Александар

Шер-повторно-заедно-со-40-години-помладиот-Александар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шер се појави на модната ревија на „Балмејн“ во Париз со 40 години помладиот рапер Александар Едвардс и со тоа и официјално потврди дека се во врска.



Поп-дивата (77) во неколку наврати насмеано позираше со своето момче (37) во текот на модната недела во Париз. Се чини дека парот се смири откако во мај медиумите објавија дека повеќе не се заедно.

Првпат беа видени во ноември минатата година како се држат за раце во Лос Анџелес, а Шер во март оваа година првпат се појави со Александар на црвен тепих. Тие се бакнуваа пред камерите.

Славната пејачка на почетокот на годинава гостуваше во шоуто на Кели Кларксон и ја коментираше големата разлика во годините меѓу неа и Александар.

„Па, на хартија е смешно, но во реалноста навистина добро се согласуваме. Тој е фантастичен. Јас никогаш не им придавам на мажите квалитети што не ги заслужуваат. Тој е добродушен, паметен, талентиран и духовит, а мислам дека е и прилично згоден,“ рече таа тогаш.

„Да не запознав помлади мажи во мојот живот, никогаш немаше да излезам со него  бидејќи постарите мажи не ме сакаа толку многу,“ додаде таа.

Инаку, Едвардс има тригодишен син со поранешната девојка Амбер Роуз, која често ја изневерувал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK