Северина испрати порака до студентите кои протестираат во Србија: „Знаете дека ќе дојдам кај вас“

d0fba76f-beaf-4f33-a215-0594aa255b7b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Последните неколку денови, студентите во Србија протестираат против владата на Александар Вучиќ, а многумина ги поддржуваат во тоа. Меѓу нив е и Северина која испрати видео порака за поддршка на студентите.


„Ви благодарам за се, држете се, чувајте се. И јас сигурно ќе дојдам што е можно поскоро, се надевам. А вие знаете дека ќе дојдам. Ве сака Севе”, рече таа во видеото кое им било прикажано на студентите, а кои ја наградија со громогласен аплауз.

Студентите протестираат поради уривање на настрешницата во Нови Сад. Тие бараат да се објават сите документи поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, вклучително и настрешницата што се урна на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, главно млади луѓе, а двајца се тешко повредени.

Блокирани се повеќе од 40 факултети во Белград и сите факултети во Нови Сад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK