Сестрата на Бритни Спирс откри како се справила со бременоста на 16 години


jamie-lin-spirs-depositphotos.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејми Лин Спирс откри дека имала само 16 години кога останала бремена во 2007 година, во период кога била една од најпознатите млади телевизиски ѕвезди.


Во интервју за списанието People, таа се присети на силниот медиумски притисок и јавните осуди со кои се соочила.

„Ми рекоа дека мојот живот е завршен. Беше навистина тешко да не поверувам во тоа“, изјави Спирс.

По раѓањето на ќерката Меди, таа се повлекла од Холивуд и се преселила во Мисисипи за да ѝ обезбеди помирно детство. Подоцна се вратила во родната Луизијана, каде се посветила на семејството и воспитувањето на ќерката.

Денес Меди има 18 години, а Џејми Лин вели дека најважно ѝ било ќерка ѝ да порасне во стабилна средина и никогаш да не почувствува вина поради околностите во кои се родила.

Спирс денес е во брак со Џејми Вотсон, има уште една ќерка и продолжува да работи како актерка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK