Рики Мартин по концертот во распродадената Арена во Пула им се заблагодари на обожавателите во Хрватска со објава на социјалните мрежи.
„Пеев, патував, шетав, пливав, се смеев и направив селфи во огледало што испадна одлично… Ќе го повторам тоа. Неделата беше неверојатна“, напиша пејачот, додавајќи порака: „Благодарам, Хрватска“.
View this post on Instagram
На концертот, Мартин ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои и Livin’ la Vida Loca и Maria, а илјадници посетители во текот на целиот настап пееја и танцуваа со него. Спектаклот беше дел од неговата актуелна европска турнеја.