Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол

alkohol
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седум лица во Русија денеска беа осудени од три до шест години затвор за дистрибуција на алкохолни пијалоци со метанол, при што загинаа 44 лица.

Судот во Екатеринбург ги осуди и за продажба на стоки што не ги исполнувале безбедносните услови и тоа резултирало со смрт на две или повеќе лица.


Обвинителите изјавија дека седумтемината осудени  нелегално продавале алкохол од 2020 година и дека во 2021 година продавале пијалоци што содржат прекумерни количества на метанол, што вообичаено се користи како растворувач.

Од лицата кои консумирале од алкохолот со метанол 51 лице се затруле, а од нив 44 починале.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK