Се појави маж што тврди дека ја видел Кејт Мидлтон: „Видов како малку ја врти главата, но не можев да слушнам што зборуваат“

гг-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човекот кој ја снимил Кејт Мидлтон како пазарува со Вилијам во Виндзор вели дека е сведок дека навистина е принцезата од Велс на видеото и дека тоа го видел со свои очи.


Нелсон Силва за The Sun вели дека неговата средба со Кејт Мидлтон треба да стави крај на гласините за нејзиното здравје.

„Ова е видео кое јасно ги прикажува неа и Вилијам. Ги видов со свои очи. Беше сосема опуштена ситуација“, вели тој.

Кога станува збор за теориите дека всушност не е Кејт во видеото, Нелсон истакнува дека тој лично го видел и снимил и тоа е доволен доказ.

„Но, исто така, сите овие луѓе во Велика Британија велат дека тоа не е таа, тоа е лажна личност. Па, можам да ви кажам дека не е. Дали сега ќе прашаат дали и јас сум вистинска личност? Дали ќе кажат дека го направив ова видео? Дали ставив лажна Кејт таму? Тоа е смешно“, рече тој.

Нелсон, вели тој, купувал стек кога ја видел кралската двојка.

„ Влегов во продавницата и прво ги забележав нивните фигури, стоеја до лебот. Потоа видов дека Кејт благо ја врти главата. Тие отидоа кај месото, а јас застанав зад нив. Тие разговараа со вработените и се смееја. Не можев да слушнам што зборуваат. Кога отидов да платам за моите производи, девојката на шалтер беше толку шокирана што едвај можеше да дише. Сите таму беа многу возбудени. Беше навистина убава атмосфера. Отидов до автомобилот и решив да направам видео за да го споделам со моето семејство во Португалија“, рекол човекот кој тврди дека ја видел Кејт.

Тој вели дека Кејт и принцот Вилијам изгледале среќни и опуштени додека оделе кон паркингот.

Вилијам очигледно беше заштитнички настроен кон Кејт и јас брзо го прекинав снимањето бидејќи не сакав да им направам непријатно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK