Се омажи ќерката на Михаел Шумахер, младенците забранија фотографирање

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер повеќе од една деценија е енигма за светската јавност, но во тој период се појави за прв пат.



Како што објави германски „Билд“, постои можност Шумахер да бил на свадбата на својата ќерка Џина.

Џина Шумахер, ќерката на легендарниот Михаел, во саботата на Мајорка се омажи за својот долгогодишен партнер Иан Бетке.

Церемонијата се одржа на шпански остров во луксузна семејна вила, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милиони евра, која Шумахерс ја купи од Флорентино Перез, претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, пренесува „Дејли мејл“.

На свадбата беа и нејзиниот вујко и помладиот брат на легендарниот Формула 1 возач Ралф Шумахер.

Во организацијата на венчавката се вклучија различни компании, а секој мораше да ги остави мобилните телефони пред да влезе на имотот за да не ги фотографира приватните соби и простории на семејството.

„Дали Шуми навистина беше присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Но, тој не беше во градината, каде што имаше други гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг од доверба“, наведува „Билд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK