Се огласи фотографот на спорната фотографија на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

kejt-vilijam.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Папарацото што ја сликаше Кејт Мидлтон како се вози со принцот Вилијам во автомобил во понеделникот, зборуваше за да ги отфрли теориите на заговор на интернет дека фотографијата е лажирана.

„Не ги менуваме нашите фотографии на ‘Фотошоп’ освен за да ја прилагодиме осветленоста доколку е потребно“, изјави фотографот Џим Бенет.

Бенет рече дека тој и неговиот партнер биле ангажирани од медиумите за да го снимат принцот Вилијам како оди во Вестминстерската опатија на кралски настан.

„Автомобилите тргнаа од замокот Виндзор, а јас одблиску ги фотографирав во улицата Дачет Хај, пред бр. 39. Фотографиите од автомобилот се непредвидливи најчесто и со малку рефлексија на стаклото, може да биде тешко. Како што се случи, дури кога го проверив задниот дел од камерата за да се уверам дека сум го фотографирал принцот Вилијам, сфатив дека некој седи до него. Испадна дека е Кетрин,  рече тој.

Бенет зборува и за шпекулациите дека силуетата на Кејт е уредена на фотографијата и ја расчистува заблудата дека сликата ја објавило кралското семејство.

Направена е од професионален фотограф, а потоа објавена во САД од фото агенцијата GoffPhotos.

Претходно голем број познавачи на програмите излегоа со тврдења дека и оваа фотографија е фалсификат.  Тие го споредија профилот на Мидлтон на фотографијата на Бенет со снимката на принцезата на церемонијата во 2016 година, шпекулирајќи дека таа е фотошопирана и на новата фотографија покрај нејзиниот сопруг.

Други забележаа недоследности со шаблонот од тули што се гледа над автомобилот и низ неговите прозорци.

Сепак, се чини дека адресата на улицата Дечет, дадена од Бенет, исто така, ги отфрли сомнежите за фалсификат.

Сомнежите за автентичноста на фотографијата беа поттикнати од признанието на Кејт во понеделникот дека ја уредувала сега познатата британска фотографија за Денот на мајката, споделена за време на викендот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK