Саудиска Арабија за првпат на избор за Мис на светот, убавица без хиџаб

ггд.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудиска Арабија оваа година за првпат во историјата ќе учествува на престижниот, најголем натпревар за убавина – изборот за Мис Универзум.



Оваа исламска земја ќе ја претставува убавата Руми Алкатани на која и е дозволено да биде „обична“ жена и да го покаже своето лице, кожа и долга коса пред светот.

Иако Руми поради ова ќе влезе во историјата, сепак има уште многу да му претстави на светот. Дипломирала стоматологија, течно зборува англиски и француски јазик, посветена е на културата, уметноста и науката и е љубител на патувањата и модата.

На престижниот натпревар, кој ќе се одржи во Мексико, ќе учествуваат повеќе од 90 жени од различни делови на светот, а ќе опфати три категории. Убавиците ќе шетаат во елегантни фустани, костими за капење и ќе ја претстават својата личност.

На 27-годишна возраст, Руми ја претставуваше Саудиска Арабија на меѓународни натпревари како што се Мис Арапски мир, Мис Азија и Мис на Европа.

Активна е во еколошки проекти и на социјалните мрежи, а ја нарекуваат и инфлуенсер.

Досегашниот концепт на изборот за убавина дефинитивно се промени, а претходно голема полемика предизвика уште еден настан, кога за Мис на Германија беше избрана жена која со победата ги прекрши сите традиционални норми за убавина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK