Репликата на т.н. одмазднички фустан на Дијана од серијата „Круна“ оди на аукција

Репликата-на-тн-одмазднички-фустан-на-Дијана-од-серијата-„Круна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Како што серијата „Круна“ се приближува кон крајот во последната сезона, која кулминира со смртта на принцезата Дијана, извршните продуценти најавуваат продажба на разни реквизити и костими од сагата на „Нетфликс“ за британското кралско семејство.

Лондонската аукциска куќа Bonhams во февруари ќе продаде на аукција речиси 450 предмети користени во шесте сезони од драмата, а претходно ќе ги изложи на турнеја, која ги вклучува Њујорк, Лос Анџелес, Париз и Лондон. Меѓу предметите има златна кочија, парчиња мебел и облека направени по мерка според вистински предмети од фотографии од историските настани.

На аукцијата ќе се најде и реплика на таканаречениот одмазднички фустан на Дијана. По разводот од принцот Чарлс, принцезата Дијана еднаш носеше мал црн фустан откога неговото неверство стана јавно.

„Иконските костими, реквизитите и сцените од ‘Круната’ се макотрпно истражени и пресоздадени со импресивно внимание на деталите, изработени од врвни експерти и занаетчии“, рече директорот за продажба на Bonhams, Чарли Томас.

Костимот создаден за сцената на крунисувањето, кој во серијата го носеше актерката Клер Фој (младата кралица Елизабета Втора во првите епизоди), се очекува да достигне цена од 30.000 до 50.000 фунти. На аукцијата, меѓу другото, ќе се најдат и костим за капење со леопард-принт, кој во серијата го носеше актерката Елизабет Дебицки, и сив џемпер „харвард“.

На продажба се и реплика на влезната врата на Даунинг стрит во Лондон, реплика на свршеничкиот прстен на принцезата Дијана и стар „јагуар“. Сите приходи од аукцијата се наменети за поддршка на програмата за стипендирање филмаџии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK