Рене Зелвегер се приклучи на актерската екипа на хит-серијата на Хулу, Only Murders in the Building (Само убиства во зградата). Веста беше потврдена на официјалните профили на Инстаграм и на Икс, на серијата.
„Добредојдовте во зградата, Рене Зелвегер!“, напишаа во објавата.
Тие вклучија и фотографија од актерското столче на сетот со нејзиното име. Нивната објава за само еден ден собра речиси 60 илјади лајкови, а луѓето во коментарите напишаа дека се воодушевени.
View this post on Instagram
A post shared by Only Murders in the Building (@onlymurdershulu)
„Со секоја нова сезона станувате се поиконични“, „Само икони во зградата“, „Престанете, оваа серија постојано се подобрува“, „Ја сакам Рене“, „Бриџит Џонс во зградата?“, „Веќе ја сакам оваа серија, а сега оваа легенда ќе глуми во неа? Едвај чекам“, „Кој ја донесе оваа одлука заслужува покачување“, напишаа тие.
Во моментов не се познати деталите за заплетот на петтата сезона, како и каква точна улога ќе има Зелвегер. Актерката се приклучува на листата која ги вклучува Селена Гомез, Мартин Шорт, Стив Мартин, Мерил Стрип, Кристоф Валц, Теа Леони и Киган-Мајкл Ки.