Расел Бренд се соочува со нови тужби неколку дена по наводите за силување

Расел-Бренд-се-соочува-со-нови-тужби-неколку-дена-по.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот комичар, водител и актер Расел Бренд се соочува со нови тужби само неколку дена откако беше обвинет за силување, сексуален напад и емоционална злоупотреба на четири жени.


Сега уште неколку жени излегоа со обвинувања за Бренд. „Тајмс“ и „Сандеј тајмс“ пишуваат дека неколку жени се жалеле на однесувањето на актерот во раните 2000-ти. Нивните наводи се уште не се објавени, но ќе бидат ригорозно проверени.

Актерот ги негира сите обвинувања.

Медиумите потсетуваат дека по заедничка истрага на лондонски „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и „Ченл 4 диспече“, познатиот актер и комичар се соочува со обвинувања за силување на четири жени, меѓу кои и 16-годишна тинејџерка.

Обвинувањата датираат меѓу 2006 и 2013 година, кога Бренд беше на врвот на својата слава и работеше за „Би-би-си Радио 2“ и „Ченл 4“и глумеше во голем број холивудски филмови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK