Првото џиновско младенче панда родено во Русија

panda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првото џиновско младенче панда е родено во Русија, известуваат од зоолошката градина во Москва и споделуваат видео каде мајката панда Диндин го гушка и лиже своето младенче и јаде бамбус.

“Ова е уникатен настан за земјата, но и за целата глобална еколошка заедница. Млад пар џиновски панди – мажјакот Жуи и женката Дингдин – родиле бебе тешко околу 150 грама. Полот на младенчето сè уште не е познат “, соопшти прес-службата.


Во зоолошката градина деноноќно ја следат младата мајка и ги прават сите потребни тестови.

„Случајот е уникатен и по тоа што Жуи и Дингдин се млади, тие имаат само седум, односно шест години. Обично првото младенче се раѓа кога родителите имаат 8 до 10 години“, објаснуваат од зоолошката градина.

Руџи и Дингдинг беа донесени во Москва во 2019 година со специјален лет од Пекинг.

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг присуствуваа на церемонијата на отворање на павилјонот „Кинеска фауна“ во зоолошката градина во Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK