Истражувањата покажуваат дека добрите пријатели го продолжуваат животот

prijatelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Добрите пријателства се права реткост, но истражувањата покажуваат дека тие се директно поврзани со нашето здравје и благосостојба токму поради тоа што со вистинските пријатели ги споделуваме тагата, но и среќните мигови. Пријателството како и секој друг однос има потреба од посветеност, време и енергија. Истражувањата покажуваат дека позитивниот ефект од блиските пријателства бил присутен без оглед на социјалниот статус на испитаниците.







Едно истражување спроведено од Бригам Јанг универзитот покажало дека недостатокот на дружење и пријателства може да го зголеми ризикот од рана смрт, а ризик факторот за тоа е поголем и од кај оние кои пијат алкохол и пушат по 20 цигари дневно.

Многу пријателства не може да траат долго и не треба да се задржуваат само затоа што тие луѓе биле долго присутни во вашиот живот. Промените на личноста, запознавањето на нови луѓе и стекнувањето на нови пријателства се составен ден од животниот процес,  сепак не треба да се занемари дека социјалната поддршка е многу важен аспект во нашиот живот и недостатокот од истата има потешко негативно влијание врз здравјето од лошата исхрана или физичката неактивност.

М.Кизова
фото: pixabay

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK