Принцот Вилијам (41) пристигна во пристаништето Сент Мери каде продолжи со своите обврски. Принцот од Велс за време на посетата на болницата разговарал за здравјето на својата сопруга и за прв пат открил како е Кејт Мидлтон.
„Добро е“, накратко рекол Вилијам за здравјето на Кејт Мидлтон.
Во емотивна видео порака, снимена во Виндзор на крајот на март, Кејт Мидлтон откри дека има рак.
„Добро сум и секој ден станувам посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. На двајцата ни значи многу“.
Ракот на Кејт беше откриен дури откако таа беше подложена на операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Кенсингтонската палата соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е ракот и побара од луѓето да не шпекулираат.
„Вилијам е исклучително горд на својата сопруга за храброста и силата што ги покажа не само во овој период, туку и од почетокот на годината. „Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран на тоа дека неговата сопруга ја има потребната приватност за целосно закрепнување и дека неговите деца се заштитени“, рече изворот.
Се зборува и дека на двајцата им требало долго време да се соземат од веста, што воопшто не е лесно да се прифати. Исто така, голема задача било на кој начин ќе им ја соопштат на своите деца шокантната вест.