Принцезата Шарлот денес го слави својот 11. роденден, а по тој повод принцот и принцезата од Велс објавија нов нејзин портрет на социјалните мрежи.
Фотографијата е направена за време на семејниот велигденски одмор во Корнвол и ја прикажува насмеаната Шарлот опкружена со цвеќиња.
View this post on Instagram
A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
Во објавата, нејзините родители ѝ упатија јавна честитка со порака: „Ѝ посакуваме на Шарлот среќен 11. роденден“.
Принцезата Шарлот е средното дете на принцот Вилијам и принцезата Кејт, кои ги имаат и синовите Џорџ и Луис.