Современите телевизори бараат внимателно одржување, а користењето влажни марамчиња и агресивни средства за чистење може трајно да го оштети екранот.
Екраните на поновите LED, OLED и QLED телевизори имаат заштитни слоеви што лесно се оштетуваат од состојки како алкохол, амонијак или оцет, што може да предизвика појава на трајни матни дамки.
Дополнителен ризик претставува и грубата текстура на влажните марамчиња, која може да создаде микроскопски оштетувања и да овозможи навлегување на влага во внатрешноста на уредот.
За безбедно чистење се препорачува сува микрофибер крпа, а при посилни нечистотии – благо навлажнета со дестилирана вода, нанесена само на крпата, а не директно на екранот.