Пријанка Чопра (42), индиска актерка, пејачка и поранешна Мис на светот, сподели фотографии од одмор на својот Инстаграм профил и откри дека таа, нејзиниот сопруг Ник Џонас (32) и нивната ќерка се на островите Туркс и Каикос.
Меѓу многуте семејни фотографии, фановите беа изненадени од некои во костим за капење. Пријанка ретко објавува фотографии во бикини.
View this post on Instagram
На една од нив таа позира во розозви бикини гушкајќи го 10 години помладиот сопруг, а покрај нив во морето си игра нивната тригодишна ќерка Малти Мари.
View this post on Instagram
На почетокот на 2022 година, музичарот Ник Џонас и Пријанка Чопра го добија своето прво дете. Ќерката Малти Мари ја родила сурогат мајка, а сè чувале во тајност до самиот крај. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека добивме бебе преку сурогат мајка“, напишаа тогаш на Инстаграм.