Пол Макартни: Она што ми го кажа Џон Ленон пред да почине ме шокира

Пол-Макартни-Она-што-ми-го-кажа-Џон-Ленон-пред.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пол Макартни се осврна на животот на Џон Ленон на подкастот на радиото „iHeart“ и откри како покојниот член на Битлси размислувал за смртта со години, пред да биде убиен пред неговиот стан во Њујорк на 40-годишна возраст.


Макартни откри дека Ленон бил нервозен што не знаел како луѓето ќе го паметат по неговата смрт: „Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го паметат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар затоа што направи многу за да го докаже тоа“.

„Бев на некој начин како неговиот свештеник. Честопати ќе морав да кажам: „Синко, ти си одличен, не грижи се за тоа“, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш ќе се чувствував многу подобро“, додава тој.

81-годишниот музичар откри и како било да се работи со Ленон: „Кога некој ќе ме праша како било да се работи со Џон, велам дека било неверојатно“.

Тој се присети и на моментот кога дознал дека Ленон е убиен на 8 декември 1980 година, а веста за неговата трагична смрт одекна низ светот: „Не можев да кажам со зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше толку сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK