Можете да победите на натпревари со помпезни титули како што се Мис Европа, Мис Америка, Мис на светот, Мис Универзум… а тоа да не значи премногу и дека во тој момент најверојатно само еден во 100,000 жители на земјината топка го знае вашето име.
Од друга страна, скромната титула „Најубава Италијанка во Тунис“ на прв поглед може да изгледа како небитен натпревар за убавина, а всушност, лентата што Клаудија Кардинале ја носеше на тој настан беше поттик за сè што направи во европскиот фипм и, нејзиното сè вреди повеќе од ефектот на многу европски и светски мисици собрани заедно.
Споменатиот натпревар се одржа во 1957 година, а Клаудија, која по потекло е сицилијанска Италијанка, тогаш во родниот Тунис го зеде медалот за апенинска убавица, а како награда освои седумдневно патување во Венеција на познат филмски фестивал.
Пред тоа имаше ситни појавувања пред камерата, но продуцентите ја забележаа во Венеција и направија сè да ја задржат младата дама таму, како уште една во низата италијански диви.
Во секој случај, европскиот филм доби ново лице, тело, а и глас, иако глас неколку години подоцна, бидејќи ѝ требаше време да ги научи сите оние моќни јазици на кои глумеше.
Таа почна да се издигнува на мапата со филмови како што беа Big deal on Madonna Street, Il bell’Antonio, и класикот на Висконти „Роко и неговите браќа“.
И веројатно клучната година беше 1963 година, кога повторно излегоа Il gattopardo на Висконти и 8½ на Фелини. Таа ги сними и двата во исто време, трчајќи од еден сет во друг, а двајцата режисери како луѓе со различни пристапи имаа сосема различни барања од неа и таа мораше да се адаптира неколку пати секојдневно.
Во неколку наврати истакна дека никогаш не сакала да се соблече пред камера и да го гради своето име на тој начин, што е за пофалба, а ниту пак ѝ наштети бидејќи и вака и онака таа стана планетарен секс симбол.
Круната на нејзината биографијата е „Беше еднаш на дивиот запад“ (1968). Ова не е ни прв ни последен пат да глуми проститутка, ни прв ни последен пат Серџо Леоне да има женски лик во свој филм, но таа проститутка и тој лик не може да се спореди со ништо пред или потоа.
Овој филм датира од пред 50 и нешто години, и оттогаш Клаудија продолжи да биде разновидна со својата понуда на актерски услуги. Таа продолжи да се занимава со глума и на овој и на друг континент.
Стигна и да прави паузи, да се посвети на театарот, различни видови на активизам, сними над 120 улоги пред камера, остана синоним за филмска убавина и, што е најважно, не се повлече. Вечната ѕвезда на италијанскиот филм е сè уште активна актерка.
Фасцинантна убавина на младата Клаудија од 50-тите и 60-тите