Почина свршеникот на Бренда во „Беверли хилс“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дејвид Гејл, актерот кој го играше доктор Џо Сканлон во повеќе од 200 епизоди на Порт Чарлс, спин-оф на серијата Општа болница, почина на 59-годишна возраст.



Покрај тоа, тој го играше и Стјуарт Карсон, вереникот на Бренда Волш (Шенен Доерти) во серијата Беверли Хилс 90210, како и Дин Колинс во сапуницата Савана, .

Неговата сестра Кејти Колменарес ја потврди веста. Причината за смртта е непозната.

„Речиси и немаше ден во мојот живот да не си бил покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен да се соочи со се’ и секого за мене“, напиша Кејти и додаде: „Секој ден ќе го чувам во моето срце“.

„Ти беше прекрасно, сакано и неверојатно човечко суштество кое ќе недостига секоја секунда, секој ден, засекогаш“, напиша таа.

Пит Фериеро, водител и продуцент на подкастот Беверли Хилс 90210, зборуваше за смртта на Дејвид. Тој објави снимки од Дејвид од подкастот.

„Тој беше исполнет со живот и неверојатни приказни. Благодарен сум што го познавав. Многу сум тажен поради оваа загуба на светот. Тој беше подарок за сите нас“, напиша Фериеро под објавата на сестрата на актерот.

Гејл е роден на Флорида во 1965 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK