По болниот развод, таа повторно оди пред олтар: Мајли Сајрус се мажи


majli-sajrus-los-angeles-feb-miley-cyrus-depositphotos_245251760_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајли Сајрус ќе стапне на „лудиот камен“ овој викенд, според извори кои зборувале за странски медиуми.


Контроверзната пејачка Мајли Сајрус наскоро ќе се омажи за својот свршеник, Макс Морандо, пренесува TMZ.

Извори кои се добро упатени во плановите на Мајли Сајрус откриле за TMZ дека пејачката и нејзиниот партнер – кој е музичар – ќе стапат во брак во Јужна Калифорнија.

Деталите околу церемонијата се сè уште тајна, но со оглед на тоа што свадбата е закажана за само неколку дена, Мајли и Макс ги прават последните подготовки за нивниот голем ден.

View this post on Instagram

A post shared by TMZ (@tmztv)

Се чини дека Мајли веќе некое време наговестува дека се подготвува свадба. Минатиот месец, таа го покани Макс на сцената за време на настап во Hollywood Bowl, каде што двајцата ја изведоа песната „Let’s Get Married“.

Како што претходно беше објавено, Мајли и Макс се свршија минатата година; пејачката подоцна откри дека запросувањето за неа било целосно изненадување.

Ова нема да биде прв брак за Мајли. Таа претходно беше во брак со актерот Лијам Хемсворт. Двојката се венча во 2018 година, но се разделија помалку од една година подоцна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK