По 35 години, главните актери на комедијата „Близнаците“, Шварценегер и Де Вито, повторно заедно

По-35-години-главните-актери-на-комедијата-„Близнаците-Шварценегер-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Арнолд Шварценегер на својот инстаграм-профил објави фотографија со легендарниот Дени де Вито, а фановите што ги гледаа во филмот „Близнаци“ беа воодушевени од нивното повторно обединување.

Арнолд Шварценегер позира со легендарниот актер Дени де Вито и неговата ќерка Луси де Вито, а фотографијата многумина ги потсети на комедијата „Близнаците“ од 1988 година, во која глумеа заедно.

„Мојот брат! Беше фантастично да се види Дени на Бродвеј во I Need That. Тој, Луси и сите вклучени ја забавуваа публиката, ја насмеаа и уживаа во секоја минута – една од најдобрите претстави што сум ги видел, вистински спектакл“, напиша Арнолд во описот и го пофали новиот потфат на својот пријател. По одличниот филм „Близнаците“, Арнолд и Дени планираат да направат продолжение – проектот се работеше веќе некое време, но беше одложен бидејќи режисерот на оригиналниот филм, Иван Рајтман, почина на 75-годишна возраст во февруари 2022 година.

Рајтман требаше да се врати во продолжението во кое браќата ќе откријат дека се тројки, па новото продолжение ќе се вика „Тројки“.

Имаше знаци дека Еди Марфи ќе ѝ се приклучи на екипата во продолжението, а од неодамна Трејси Морган наводно требало да ја преземе улогата.

„Рајтман навистина сакаше да го направи тоа. Навистина го сакав. Дени де Вито навистина сакаше да го направиме тоа. Но, кога Рајтман починал, неговиот син решил да престане со сѐ“, изјавил неодамна Арнолд, пренесува Klix.ba.

Сепак, фановите нема да бидат разочарани бидејќи Арнолд откри дека работи на нов филм со Дени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK