По 25 години брак, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик дознаа дека се братучеди

По-25-години-брак-Кевин-Бејкон-и-Кира-Сеџвик-дознаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерскиот брачен пар Кевин Бејкон (65) и Кира Сеџвик (58) беа во хармоничен брак 36 години, но ја шокираа јавноста кога претходно беше откриено дека тие се и во крвно сродство.


Во 2013 година, парот се појави во епизода од ТВ серијата Finding Your Roots, која се занимава со проучување на семејните стебла. Потоа дознале дека се роднини во деветто колено.

„Види. Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! Знаев дека ќе бидам во сродство со Кевин, мислам, повеќето белци се некако поврзани. Не сум изненадена, искрено. Претпоставував дека затоа не тестираа двајцата, морав да се преправам дека сум изненадена“, изјави актерката.

Откритието не влијаело на актерската двојка, иако некои мислеле дека ќе предизвика брачни проблеми, па дури и развод. „Се е во ред додека не бидеме најблиските роднини“, изјави Сеџвик која ја изненади јавноста со таа изјава.

Во епизодата исто така се открива дека Кевин е 13-ти братучед на Бред Пит и 12-ти братучед на Барак Обама. „Не се шегувам, знаев дека не сум доволно ценет“, низ смеа изјави Бејкон за откритието. Медиумите потсетуваат дека Кевин и Кира се едни од најдолговечните и најповлечените холивудски парови. Тие често работат заедно на филмски сетови. Двојката има две деца, Соси (31) и Тревис (34).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK