Новиот „Оскар“ за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која го организира доделувањето на „Оскарите“.
Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг-директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.
„Како што Академијата се развива, ние се гордееме што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, велат тие.
„Оскарот“ за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува Би-би-си.
„Оскарите“, годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржат во Лос Анџелес на 10 март.