Опра Винфри се појави на црвениот тепих на 81-то доделување на „Златните глобуси“ во Беверли Хилс, а сите беа маѓепсани од нејзината витка фигура.
69-годишната водителка заслепуваше во тесен виолетов фустан додека позираше во хотелот Беверли Хилтон.
Откако ТВ ѕвездата ослабе повеќе од 20 килограми, многумина се запрашаа која е тајната на нејзината витка линија.
Таа јасно нагласи дека не користела лек за слабеење кој во последните месеци станува се попопуларен меѓу оние кои сакаат да изгубат вишок килограми.