Пилотот на американските воздухопловни сили Медисон Марш (22), втор поручник, стана првиот активен член на американската војска кој победил на изборот за Мис Америка.
Таа беше крунисана на церемонија во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, објави Sky News.
Meet Madison Marsh, Miss America. I can dig it. pic.twitter.com/tCKApds1B3
— Staff Sergeant Johnson (@PatMaguire10) January 16, 2024
Марш, која има диплома по физика и е студент на училиштето Харвард Кенеди во Кембриџ, Масачусетс, ја претставуваше државата Колорадо.
На Фејсбук страницата Мис Америка се наведува дека во слободното време таа е посветена на борбата против ракот, откако нејзината мајка починала од болеста во 2018 година.
Исто така, се наведува дека таа е практикант во НАСА и добила стипендија за астронаути.
Има црн појас и во теквондо.
„Ова му покажува на светот дека жените можат да постигнат се. Девојките со кои се натпреварував се љубезни, интелигентни и талентирани луѓе, не се сомневам дека ќе ја водат Америка, без разлика дали е тоа политика, бизнис, филантропија, што и да е“, порача Марш на Инстаграм.