Нов скандал го тресе кралското семејство дека принцезата Кејт ја уредила сликата и на починатата кралица Елизабета

ѕ-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според фотоагенцијата „Getty Images“, има уште една фотографија за која постои сомневање дека е уредена од Кејт Мидлтон, а на која е покојната кралица Елизабета. Имено, споменатата агенција навела дека фотографијата на кралицата Елизабета со нејзините внуци и правнуци е исто така дело на рацете на принцезата, а грешки има на дури 19 места.


Очигледно продолжува сагата со монтирани слики, која започна кога беше објавена слика на Кејт и нејзините деца за Денот на мајката, која, како што објавија медиумите, ја направил принцот Вилијам, а која исто така била фотошопирана. Сакајќи да го смири јавниот хаос предизвикан од спорната фотографија, Кејт Мидлтон се извини и рече дека ја „уредила“ сликата, бидејќи сака да „експериментира“.

Новооткриените недоследности на втората слика ја враќаат Кејт во центарот на вниманието и се закануваат да ги нарушат односите на кралското семејство со водечките новински и фотографски агенции.

Во саботата, принцот Вилијам и Кејт беа забележани и фотографирани во самопослуга во близина на нивниот дом, што на некој начин го смири хаосот околу прашањата за нејзиното здравје. Принцезата исто така беше фотографирана на почетокот на овој месец во автомобил во близина на замокот Виндзор. Таа не е видена во јавноста откако палатата објави дека имала операција на абдоменот во јануари.

Последната контроверзност беше предизвикана од слика објавена во април 2023 година, на која покојната кралица Елизабета е опкружена со нејзините внуци и правнуци. Палатата соопшти дека фотографијата е направена од Кејт во замокот Балморал во Шкотска неколку месеци пред смртта на кралицата, но измените доведоа до конфузија околу тоа дали сликата е всушност спој на неколку различни слики.

Недоследностите на таа фотографија ја вклучуваат неусогласеноста меѓу здолништето на кралицата и ќебето и софата на кои таа седи. Работ на рамото на принцот Луис е заматен и се чини дека се преклопува со позадината. Осветлувањето исто така не се совпаѓа со целокупното осветлување на сликата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK