Никол Шерцингер денес има милиони, а дарувала и крв за да собере пари: „Тогаш бев најсиромашна“

Никол-Шерцингер-денес-има-милиони-а-дарувала-и-крв-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Познатата пејачка Никол Шерцингер се прослави во групата „Пусикет долс“, чиј фронтмен беше таа.

Иако денес важи за една од најубавите жени и има завидна кариера, нејзиниот живот порано беше далеку од бајка. Имено, таа во студентските денови живеела многу тешко и се занимавала со разни работи за да се издржува.

Пеела опери во италијански ресторан, продавала шминка, па дури и дарувала крв за да собере пари.

„Најсиромашна бев кога учев. Дадов крв за да добијам пари“, изјави таа за „Космополитен“, пренесе „Стејтсмен“.

Таа исто така признала дека нејзиниот најчест оброк тогаш биле палачинки со вода бидејќи биле евтини и доволни да ја заситат.

„Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имала некој да ми купи автомобил или да плати часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојот труд“, додава Никол.

Шерцингер често беше во центарот на медиумското внимание поради нејзините врски. Неодамна таа и рагбистот Том Еванс ја прославија првата годишнина од нивната љубов, а многумина коментираа дека изгледа среќно и исполнето до него.

Пред него таа беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а како што се шпекулира, токму таа му раскина бидејќи немал сериозни намери со неа.

Никол седум години беше во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, а како што еднаш кажа, ја прекинале врската бидејќи поради обврски не можеле често да се гледаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK