­

„Нешто се обиде да излезе“: Научниците пронајдоа мистериозно златно јајце на дното од морето


„Нешто-се-обиде-да-излезе-Научниците-пронајдоа-мистериозно-златно-јајце.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Необично откритие на дното на океанот ги заинтригира научниците. Некои ги потсетува на чоколадното јајце од книгата и филмот „Чарли и фабриката за чоколади“, а дел коментираат дека личи на јајце од кое излегува вонземјанец во истиомениот филм.


Истражувачите се збунети од мистериозен објект со златна боја со дупка, кој е откриен на морското дно во близина на брегот на Алјаска.

Предметот е нежен на допир, како ткиво на кожата, според Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA).

Иако експертите не се сигурни што точно, тие сугерираат дека тоа би можело да биде лушпа од јајце или остатоци од морски сунѓер.

„Јајцето“ е пронајдено на длабочина од околу 5 километри за време на експедиција предводена од НОАА, која се пренесувала во живо.

НОАА ја објави фотографијата на Твитер и рече дека „златната топка“, веројатно лушпа од јајце, шокираше многумина кои го следеа преносот во живо.

Наместо да го остави таму каде што беше пронајден, NOAA користеше роботска рака на далечински управувач за да го „скокотка“ предметот и потоа да го отстрани од карпата.

Објектот беше извлечен на брегот со помош на црево за вшмукување, каде што тестирањето во лабораторија би требало да открие повеќе за што станува збор.

Експертите исто така се неодлучни што ја предизвикало дупката на предниот дел на „јајцето“.

„Нешто се обиде да влезе… или да излезе“, рече еден истражувач за време на преносот во живо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK