Најубавата жена на светот има ново момче


bela-hadid-Depositphotos_163096976_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бела Хадид повеќе не ја крие својата нова љубов. Познатата манекенка ги објави првите заеднички фотографии со своето ново момче, а привлече внимание и со сосема неочекувана промена на својот имиџ.


Манекенката и најубавата жена на светот, според теоријата за златниот пресек, Бела Хадид, официјално го претстави своето ново момче на Инстаграм, објавувајќи серија заеднички фотографии направени за време на натпреварот на хокеарскиот тим Колорадо Аваланш, на кој присуствуваа како пар.

На фотографиите, Бела позира насмеана покрај својот нов избраник.

Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an

Ein Beitrag geteilt von Bella 🦋 (@bellahadid)

Сепак, новото момче не е единственото нешто што манекенката на брендот Шанел им го претстави на своите следбеници на Инстаграм. На фотографиите, таа покажа и сосема нова боја на коса – платинесто руса. Засега не е познато дали e вистина или носела перика за оваа пригода.

Бела објави и неколку фотографии на кои јаде хот-дог додека го бодри хокеарскиот тим од Колорадо со своите пријатели.

Во описот на објавата, таа откри колку многу ѝ значело тоа што присуствувала на натпреварот, кој бил организиран во соработка со иницијативата „Хокеј се бори против ракот“.

Бела и Нejтан Лејси се забавуваат од почетокот на оваа година, кога за прв пат беа видени заедно за време на “Неделата на модата£ во Милано во февруари, пишува “Page Six£.

Нejтан е од Колорадо, а неговото семејство поседува градежна компанија во Крестед Бјут. Тој е брат на Рејчел Лејси, блиска пријателка на познатата манекенка. Според информациите од веб-страницата на семејната компанија, Нејтан почнал да работи во семејниот бизнис во раното детство.

Нивното заедничко појавување на Инстаграм дојде неколку месеци откако “Page Six£ ексклузивно објави дека манекенката на „Викторијас Сикрет“ ја завршила долгогодишната врска со професионалниот каубој Адан Бануелос.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK