Сами Гринер, познат како Успешното дете ( Success Kid) , го прослави својот 18. роденден.
Неговата мајка на „Инстаграм“ покажа како денес изгледа момчето од познатото меме.
„Моето мало момче наполни 18 години. Среќен роденден Сем“, напиша мама Лејни Гринер.
View this post on Instagram
На мемето е прикажано бебе како стиска грст песок. Фотографијата е направена во 2007 година. Семи имал само 11 месеци кога неговите родители го фотографирале додека се обидувал да јаде песок. Неговата мајка ја објави фотографијата на Интернет за да ја видат нејзините пријатели и семејството, но таа стана интернет сензација и меме.
Сликата стана толку популарна што „Си-Ен-Ен“ го нарече Семи Гринер „веројатно најпознатото бебе на Интернет“. Освен за популарна употреба на социјалните мрежи, сликата се користи и за комерцијална употреба.
Во 2012 година, Џастин и Лејни Гринер, родителите на Семи, зборуваа на конференција поврзана со ROFLCon за предизвиците на воспитувањето на детето додека го штитат брендот. Тие беа критикувани дека го искористиле нивниот син, на што Лејни одговорила дека немала контрола дали мемето ќе се шири.
Во средината на 2015 година, семејството Гринер ја искористи фотографијата за да ја промовира кампањата GoFundMe за да собере пари за да плати за трансплантација на бубрег на неговиот татко. Иако Лејни првично се двоумеше дали да ја поврзе кампањата со мемето, на крајот се одлучи да го направи тоа и за неколку дена беа собрани 83.000 долари. Така настана мемето „Станав меме, па го спасив тато“.