Сите дадилки што Џенифер Лопез ги ангажирала за своите деца си заминале за седум дена: причината е прилично бизарна

dzenifer-lopez.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатата Џенифер Лопез ги има близнаците Максимилијан и Ема со нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони.



Како што еднаш и самата призна, Џенифер Лопез на почетокот имала големи проблеми да најде дадилка за своите деца.

„Не можете да замислите како е да се биде мајка додека не станеш мајка. Постојано им давав совети на пријатели кои имаат деца, а тие ме гледаа како да имам три глави. А потоа, кога ги добив двајцата, буквално им се извинив на сите мои пријатели“, изјавила тогаш таа, пренесува „yourtango“.

Како што еднаш рекол извор близок до Лопез, првата дадилка што таа и Марк ја ангажирале дала отказ по само една недела.

„Обично луѓето кои заработуваат огромни суми на пари и имаат многу професионални и социјални обврски ангажираат дадилка за секое дете, особено за новороденчиња. Но, како Џенифер да очекувала дека дадилката не само што треба да се грижи за близнаците, туку и да работи 16 часа, седум дена во неделата“, рекол извор за „Today“, пренесува споменатиот медиум.

Меѓутоа, истото се случило и со другата дадилка.

„Тие најмија друга дадилка која беше прекрасна со близнаците, но таа не можеше да работи толку долги часови без пауза. По отказот на дадилката, парот почна очајно да бара трета дадилка“, додал тогаш изворот.

Самата Џенифер пред неколку години истакна дека нејзината работа многу влијае на времето што го поминува со своите деца.

„Мојот син неодамна ми рече: Мамо, би сакал да имам пикник со тебе оваа недела, бидејќи знам дека си работелa напорно. Беше со мене во Њујорк, но сепак ми рече: Би сакал да закажам пикник за следниот петок, бидејќи ни треба повеќе квалитетно време. Јас му одговорив – Во ред, душо“, истакна таа, пренесува „yourtango“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK