Најморничави замоци во Европа

Најморничави-замоци-во-Европа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се приближува Ноќта на вештерките (Halloween) па затоа е добро време луѓето малку да се забавуваат со страшните приказни кои ќе го донесат духот на таа ноќ, една во годината.


Европа е позната по своите замоци, а многу од нив луѓето ги сметаат за морничави. Медиумите издвоија неколку најзанимливи, а еве зошто го добија тој епитет.

Замокот Единбург, Шкотска
Кога ќе ја видите неговата историја, ќе разберете зошто е прогласен за еден од најморничавите замоци во светот. Во него починала кралицата Маргарета во 1093 година, а по неа таму умирале генерации на кралското семејство и војници, често со насилна смрт.

 

Замокот Франкенштајн, Германија
Велат дека е инспирација за „Франкенштајн“ на Мери Шели. Овој замок со поглед на градот Дармштат е изграден на легенда и мит. Опкружен со темниот и мистериозен Оденвалд, замокот бил дом на Јохан Конрад Дипел, кој создавал напивки и еликсири и веројатно бил инспирација за Др. Франкенштајн. Во 2008 година, серијата „Меѓународен ловци на духови“ (Ghost Hunters International) забележа паранормални активности во замокот.

 

Замокот Предјам, Словенија
Замокот во селото Предјама, веднаш до Постојна, бил изграден во 12 век на карпа пред јамата (оттука и името). Најпознатиот владетел на замокот бил Еразмо Предјамски, кој бил убиен од катапулт откако слугата го предал.

Акершус Фестнинг, Осло, Норвешка
Оваа тврдина е едно од најморничавите места во Норвешка и јасно е зошто. Изградена е во 13 век, стотици години подоцна била претворена во затвор во кој масовно умирале луѓе, а за време на Втората светска војна таму биле убивани затворениците.

Хушка, Чешка
За време на Втората светска војна, нацистите го користеле овој замок за окултни и тајни експерименти, а никој не знае што точно се случувало. Познато е само дека неколку нацистички војници умреле во текот на овие експерименти. Нивните останки биле пронајдени по завршувањето на војната.

 

Замокот Моошам, Салцбург, Австрија
Изграден е пред 800 години, а изгледа како сцена од хорор филмови и замок од бајки. Често се нарекува замок на вештерки, бидејќи таму биле егзекутирани илјадници жени кои биле обвинети дека се вештерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK