Овие три знаци се најголемите лажговци меѓу хороскопските знаци, барем ако ги прашате астролозите. За среќа, секогаш има исклучоци
Многу е кажано за хороскопските знаци, дека Лавовите се најинтензивните љубовници, а Девиците најладни, но штом ќе ги освоите нивните срца тие се незаборавни. За оние од нас кои веруваат во астрологијата, вашиот датум на раѓање, а со тоа и вашиот хороскопски знак, кажува многу за вашата личност и карактер. Скоро веднаш можеме да кажеме дали сте склони кон лажење и до кој степен.
Најголемите лажговци меѓу хороскопските знаци:
Близнаци
Луѓето под знакот Близнаци се на убедливо прво место (родените од 21 мај до 20 јуни). Толку лажат што во еден момент не можете да дешифрирате што е вистина, а што лага, велат астролозите. Ова е причината зошто овие луѓе се толку добри во продажба, услуги на клиентите, комуникација, меѓу другото.
Проблемот со Близнаците е што тие се толку добри во манипулации, што луѓето едноставно не веруваат дека овие друштвени и интересни луѓе се склони кон лажење.
Лав
Следниот знак е Лавот (оние луѓе родени помеѓу 22 јули и 22 август). Лавовите обично се родени како лидери и секогаш имаат самодоверба што ги тера да одат по она што го сакаат. Тие нема да ве лажат од чиста потреба, ниту затоа што можат, туку за да го зацврстат својот статус или моќ – Бидејќи секогаш сакаат да бидат крал и кралица на сè, тие се способни да лажат за да победат во расправија или да ја постигнат својата цел.
Од друга страна, она што е добро кај Лавовите е тоа што тие се свесни дека лагите не се добри. Никогаш нема да ве гледаат во очи додека лажат.
Вага
И конечно, астролозите го споменуваат знакот Вага (оние родени помеѓу 23 септември и 22 октомври) како трет најлажлив знак во зодијакот. Вагите лажат без посебна причина и ве тераат да се сомневате во вашата интелигенција. Сакаат да ве убедат дека се во право кога вие совршено знаете дека лажат. Сепак, Вагите не лажат само заради лажење – тие прибегнуваат кон оваа стратегија кога ќе бидат фатени во погрешно дело или кога треба да се спасат. Но, и во таа ситуација нема да бидат нефер кон никого.