На Нетфликс пристигнува нова сезона од серијата која лани се гледаше 57 милијарди минути во САД

suits1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Suits, драма што првично се емитуваше на USA Network од 2011 до 2019 година, достигна огромна популарност кога пристигна на Нетфликс минатиот јуни. За само шест месеци, гледачите го гледаа 57,7 милијарди минути, поради што го собори рекордот на The Office.


Нетфликс сега објави одлична вест за фановите на серијата. Харви Спектер и Мајк Рос се враќаат на екраните во новата, деветта сезона од серијата, која на платформата пристигнува на 1 јули. Сезоната ќе има вкупно 10 епизоди и ќе стави крај на приказната за легендарната адвокатска канцеларија.

Во деветтата сезона ќе глумат Габриел Махт, Рик Хофман, Сара Раферти, Аманда Шул, Дуле Хил и Кетрин Хејгл, а Патрик Џеј Адамс ќе се појави како специјален гостин. Меган Маркл, која ја играше правната асистентка Рејчел Зејн во серијата Suits, нема да глуми во оваа сезона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK