Мерил Стрип и Дон Гамер тајно се разделиле пред шест години по 45 години брак

Мерил-Стрип-и-Дон-Гамер-тајно-се-разделиле-пред-шест.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холивудската икона Мерил Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гамер, живеат целосно одвоени животи.


Неколку американски портали објавија дека оскаровката (74) и познатиот скулптор (76) тајно се разделиле пред шест години, откако беа во брак речиси пет децении.

Мерил и Дон се венчаа во 1978 година, имаат четири деца – Хенри (43), Меми (40), Грејс (37) Луиза (32) – и пет внуци.

Мерил и Дон во Њујорк (1980)

Нејзиниот портпарол ја потврди веста.

Во изјава за „Фокс њуз дигитал“, портпаролот на актерката потврди: „Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоено.“

Мерил беше забележана на доделувањето на наградите Princesa de Asturias 2023 во петокот со нејзината бурма и покрај откритието.

Но, парот не е виден заедно од „Оскарите“ во 2018 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK