Бритни Спирс доби казна за сообраќаен прекршок

Бритни-Спирс-доби-казна-за-сообраќаен-прекршок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бритни Спирс ќе мора да плати уште една казна откако сообраќајната полиција, по вторпат за неполни два месеци, ја запре по направен сообраќаен прекршок.

Автомобилот на поп-ѕвездата (41) бил запрен од патрола на автопатот во Калифорнија поради непрописно вртење. Бритни добила парична казна од 327 долари бидејќи преминала две полни ленти.

Според „ТМЗ“, казната треба да ја плати до 21 ноември.

Ова доаѓа само неколку недели откако Бритни беше казнета за возење без дозвола и без потврда за осигурување. Тогаш ѝ беше е изречена казна, освен за дозволата и за два други помали прекршоци, и мораше да плати 1.140 долари.

Нејзиниот адвокат Метју Розенгарт изјави за „Пејџ сикс“: „Бритни во секое време со себе носи возачка дозвола и осигурување, ова е функционален еквивалент на казна за паркирање.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK