Гери Голдсмит, вујкото на Кејт Мидлтон, ја обвини Меган Маркл дека „креира драма“ меѓу Кејт, Вилијам и Хари.
Гери Голдсмит вели дека војводата и војвотката од Сасекс не можат „да го фрлат своето семејство под автобус на таков драматичен начин“, мислејќи на „книгите“ напишани од Меган и Хари и дека се уште се очекува да бидат „поканети за Божиќ“, објави „Sky News“.
„Мислам дека Хари беше навистина, навистина сакан, сакан од многумина, и кога беа заедно – Кејт, Вилијам и Хари, тие беа навистина заедно, тие се сакаа“, рече тој во шоуто на „Големиот брат“.
Според него, одеднаш настанала драма, и дека Хари ја променил историјата велејќи дека е несреќен, што едноставно според него не е фер.