Меган Маркл и принцезата Кејт повторно се во контакт, пишуваат британските медиуми.
Војвотката од Сасекс и принцезата од Велс наводно разговараат, но на разговорите им недостасува „вистинска топлина“ поради затегнатите односи и веројатно нема да станат повеќе од површни односи.
Разговорите меѓу двете моментално се формални бидејќи Кејт не е подготвена да прости и да заборави, се наведува.
„Меган веќе стапи во контакт со Кејт како и со нејзиниот свекор за да им посака брзо закрепнување, но сè уште е на формално ниво и веројатно ќе остане така – нема вистинска топлина поради сето она што се случило во минатото“, вели кралскиот експерт и автор Том Квин за „Мирор“.
„Кејт ги прифаќа сите добри желби, но не сака да прости и заборави – таа едноставно не и верува на Меган дека нема да излезе во јавност ако има недоразбирање или најмало несогласување. Ќе се развие некаков облик на врска – од страна на Меган првенствено заради доброто за брендот Сасекс – но таа секогаш ќе биде површна. Кејт и Меган не можат да си ја вратат довербата“, заклучува тој.