Медиуми: Зошто Вилијам ја пушти Кејт низ вода во скандалот со фотошопираната фотографија

vk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Како можеше Бакингемската палата да и дозволи на Кејт да ја преземе вината?“ е едно од клучните прашања што одекнува во британската јавност. Како нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, дозволил таа да биде на столбот на срамоt? Работата да биде уште полоша, покрај тоа што цел свет зборува за Кејт, фотошопираниот фото-скандал и нејзиното здравје, сега дури и блиските на принцот Хари и Меган Маркл почнаа да ја исмеваат принцезата од Велс, пишуваат британските медиуми, коментирајќи дека од слетувањето на Месечината немало толку многу заговори колку за автентичноста на фотографијата.


Едноставната семејна фотографија на Кејт со нејзините деца, која требаше да ги замолчи гласините за нејзиното здравје и расположение, се покажа како целосно создадена со помош на фотошоп, што беше протолкувано како најголемата ПР грешка на кралското семејство во последните години, ако не и децении.

Неколку часа по објавувањето на фотографијата, новинските агенции ширум светот соопштија дека ја отстрануваат фотографијата бидејќи е очигледно неавтентична со најмалку 16 грешки.

И наместо да ги потисне гласините за здравјето на Кејт, аферата со фотографијата дополнително предизвика загриженост.

„Ова е грешка што Меган никогаш не би ја направила“, изјави извор близок до Хари и Меган за „Пејџ сикс“.

Своето мислење на социјалните мрежи го сподели и нивниот биограф Омид Скоби.

„Со долга историја на лажење, прикривање од стравот од палатата… на јавноста и е сè потешко да верува во зборовите, сега на фотографијата што ја споделуваат“, напиша тој.

Скоби продолжи да пишува дека враќањето на довербата на печатот и јавноста е уништена и тешко ќе се врати по овој инцидент.

Како Хари и Меган да се олицетворение на доверба и интегритет, пишува „Дејли мејл“. И покрај тоа што Кејт страда, оваа битка на трансатлантско натпреварување продолжува.

Хаосот продолжи со извинувањето од самата Кејт во понеделникот.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со уредување фотографии“, напиша таа.

Кејт има диплома по историја на уметност. Таа е неофицијален домашен фотограф на нејзиното семејство од раѓањето на нејзиното прво дете пред десет години.

Кејт секако разбира композиција, осветлување, теорија на бои и слично. Но, тука таа е сведена да се нарекува себеси обичен „аматер“ кој „експериментирал“, и тоа лошо.

„Сакав да се извинам за конфузијата предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера“, продолжи таа.

Треба да обрнете внимание и на зборот „ние“. Таа не го направила ова сама. Поминува низ многу слоеви, преку помошници и приватни секретари, а можеби дури и кај кралот.

Се чини дека некој требал да ја советува да не објавува лажна слика. Исто така, се чини дека оваа екстремно лоша идеја можеше да ја извлече само некој на кој никогаш не може да му се каже не. Каде е принцот Вилијам? Зошто не ја презеде вината? Оваа фотографија, сепак, наводно ја направил тој, пишуваат медиумите.

Дури и ако никој не веруваше дека тој е оној кој стои зад лошиот фотошоп, повеќето луѓе сигурно не веруваат дека тоа е Кејт, која наводно е премногу болна за да вози или, според зборовите на Вилијам, дури и да ги гледа овогодишните филмови номинирани за Бафта. Во сите овие случаи, тој можеше да ја стекне светската почит и да ги прими ударите, застанувајќи зад скандалот.

Наместо тоа, Кејт беше извлечена надвор од домор, фотографирана како седи до нејзиниот сопруг во задниот дел од автомобилот.

 

Никој не верува дека Кејт самата го направила овој хаос со фотографијата.

На крајот на краиштата, Вилијам има прилично софистицирано разбирање за тоа како функционираат медиумите. Тоа е вкоренето во неговата судбина.

Во меѓувреме, кралските извори ја туркаат приказната дека кутрата, заблудена Кејт едноставно не разбрала што прави. И покрај тоа што е физички болна, Кејт сега се вели дека е вознемирена што и самата предизвикала таков јавен хаос.

Грозно се чувствувала Кејт за тоа, изјавил кралскиот извор за „Телеграф“. Нејзината намера била само да ја направи сликата најдобра што може да биде, но сега чувствува дека искреноста е „најдобрата политика“.

Може ли некој да замисли Чарлс да ја пушти Камила вака да „падне“? Најверојатно не.

Кејт е иднината на круната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK