Британскиот принц Вилијам вчера го посети градот Абердин во Шкотска заради почнувањето проект за помош на бездомниците. Но, за разлика од другите вакви настани, овојпат впечатоците говорат дека немало речиси никаков интерес за оваа посета од член на британското кралско семејство.
На видеото, Вилијам излегува од својот автомобил и тргнува кон местото на настанот, со поставена ограда по патеката, за обожавателите кои би сакале да го видат престолонаследникот, да бидат на предвиденото растојание. Но, со неколку исклучоци, како една девојка која си фотографира и двојка кој изгледа прилично незаинтересирано, принцот се прошетал низ „празниот“ простор.
Инаку, само 45 отсто од Шкотите ја поддржуваат монархијата, што можеби е причина за недостатокот на посетители.