ЛИТОТЕРАПИЈА : РОЗЕВ КВАРЦ привлекува љубов, а ЖАД богатство

crystal-2954389_640
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Литотерапијата е алтернативен лек кој ја користи енергијата на кристалите за рамнотежа, хармонија и благосостојба на луѓето.







Кристалите се формираат од минерали кои се кристализираат под одредени услови како температура, средина, тип на магма, потоа тие се ископуваат од огромни карпи со што ја задржуваат својата оригинална боја, како и нивните почетни својства, но не и оригиналните форми.

Природните кристали се формираат во земјата, а за нивно формирање потребно е да поминат векови па на тој начин во нив се концентрира енергија со која кристалите добиваат терапевтски и духовни намени.

Секој кристал се употребува за различна намена, затоа што во себе содржи единствена енергија и вибрација. За да знаете кој е вистинскиот кристал што ви е потребен само треба да ја следите интуицијата и да забележите кој најмногу ве привлекува или да се информирате за неговото значење па да го изберете според потребата.

Сончев камен- лорандит

Минералот за првпат е откриен во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 г. Научниците исто така веруваат дека лорандит кристалот ја чува тајната на универзумот.
Својата енергија ја црпи од сонцето, носи среќа и позитивна енергија. Секој кој го користи се исполнува со доверба, сигурност и виталност.

Жад

Се поврзува со изобилство и заштита, симболизира богатство. Во многу култури тој се подарува за да донесе среќа и заштита кај оној кој го добива подарокот.

Тиркиз

Неговата моќ се користи за да ве заштити од надворешни влијанија и да ја одбие негативната енергија. Симбол е на заштитата, мудроста и силата. Неговата улога е да помогне во чувството на самодоверба и безбедност. Се смета дека носи успех и е совршен избор за сите што имаат потреба да привлечат позитивни промени и изобилство.

Тигрово око

Се употребува за зголемување на одлучноста и среќата. Се верува дека ја стимулира интуицијата и свеста. Одличен е доколку сакате да се ослободите од стравовите и самоуверено да ги следите своите соништа.

Розев кварц

Одличен избор за оние кои немаат среќа во љубовта. Ги кристализира вашите најдобри особини и квалитети на личноста, ја зголемува самодовербата и е добар за привлекување романтична љубов во животот.

Аметист

Доколку имате период на несигурност и изгубеност, тогаш треба да одберете аметист. Неговата популарност се должи на фактот дека има смирувачки, лековити и регенеративни својства, може да ве ослободи од конфузноста и да ја зголеми интуицијата. Аметистот има виолетова боја, симболизира мистичност.

М.Кизова
Фото:pixabay

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK