„Линкд-ин“ укинува над 700 работни места

linkdin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Платформата за деловни контакти, „Линкд-ин“ (LinkedIn) соопшти дека ќе укине 716 работни места и ќе ја затвори својата апликација „Incareers“ наменета за Кина, поради „жестоката конкуренција“ и „предизвикувачката макроекономска состојба“, како што се наведува на официјалната интернет-страница на компанијата.







Шефот на „Линкд-ин“, Рајан Рослански, изјави дека укинувањето на работните места е неопходно поради рационализацијата на работењето на фирмата. Оваа компанија, којашто е во сопственост на „Мајкрософт“, во иднина повеќе ќе користи услуги на надворешни соработници.

Рослански во писмото наведува дека овие измени ќе доведат до отворање 250 нови работни места, а луѓето кои останале без работа ќе може да аплицираат за нови позиции.

„Линкд-ин“, инаку, вработува 20.000 луѓе, и забележа раст во секое тримесечје минатата година. Но, и покрај тоа, одлучи да му се приклучи на трендот отпуштања во технолошкиот сектор во услови на неизвесна економска перспектива.

Изминативе шест месеци на светско ниво се елиминирани повеќе од 270.000 работни места во технолошкиот сектор, според податоците на порталот „Лејофс“.

Компанијата „Амазон“ укина 27.000 работни места – најмногу во својата историја. „Мета“ што го поседува „Фејсбук“ укина 21.000 и „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“ – 12.000 работни места. Според наводите, уште пред официјалната објава на „Линкд-ин“, само во мај таму биле укинати 5.000 работни места во технолошкиот сектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK